Правдико

   

25 работи што се забранети во Северна Кореја

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Диктаторскиот режим на Ким Џонг-ун прилично го ограничува животниот стил на луѓето во Северна Кореја, па така, ако некој сака да поседува Библија, да берува во бог, или да поседува Ајфон или да има свое мислење, во најмала рака ќе биде казнет или погубен.

1. Вера во бога – Пред четири години 80 христијани биле јавно стрелани затоа што ја поседувале Библијата

2. Гласање – Жителите мораат да гласаат. Имаат само една опција, секако

3. Носење џинс – Ги поврзуваат со најголемиот непријател на земјата, САД

4. Гледање погрешни канали – Дозволено е да се гледа само државниот канал

5. Бегање од затвор – Ова е забрането секаде во светот, меѓутоа ако тоа се направи во Северна Кореја државата им одредува казна на следните четири генерации од семејството на избеганиот

6. Читање книги

7. Правење грешки – Неодамна еден уредник е погубен затоа што направил правописна грешка

8. Сурфање на Интернет – Дозволени се само одредени сајтови

9. Алкохол – Дозволен е само одредени денови

10. Фризура – Дозволени се само 28 типа фризури

11. Излез од земјата – Доколку некој побегне и потоа биде фатен, ќе биде погубен. Не е исклучена можноста да му биде погубено и семејството

12. Живот во престолнината – Само одредени луѓе имаат право да живеат во Пјонгјанг, најчесто блиски со власта

13. Порнографија – Тој што ќе биде фатен со порнографска содржина задолжително е егзекутиран

14. Прашањето „Кога е роден Ким?“

15. Името на државата смее да се кажува само со цело име – Демократска Народна Република Кореја

16. Фотографирање – Ова важи за турсити. Одредени денови и места не се забранети за сликање

17. Возење – Генерално не постојат многу автомобили во Северна Кореја, од прилика еден автомобил на илјада жители

18. Сарказам, а многу често и хумор

19. Критика на власта

20. Лидерот смее да биде само обожаван

21. Меѓународни повици – Оние што пробале да свртат во друга земја, биле убиени

22. Имање мислење – Дозволено е, ама само ако е идентично со ставот на власта

23. Ајфон, Андроид

24. Слушање музика – Дозволена е само музиката што е одобрена од режимот

25. Симнување пропагандни постери

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико