Правдико

   

ААВМУ поведе прекршочни постапки против телевизиите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ врз основа на извештаите од извршениот надзор на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.

Прекршочната постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на кампањата за локалните избори, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми, односно во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври годинава на телевизија „Компани 21-М“ и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври годинава на телевизија „Стар“.

Извор: Мета

Партнери на Правдико