Правдико

   

Анализа на имплементацијата на правото на култура на помалите етнички заедници

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правото на култура е човеково право утврдено во меѓународното право и во домашното право во Република Македонија. Како и за другите права, така и за ова, стожерен принцип што се применува е принципот на еднаквост и недискриминација, како и принципот на учество/партиципативност. Еднаквоста во заштитата, промовирањето и унапредувањето на човековите права на припадниците на малцинствата е од клучно значење и таа вклучува и обезбедување посебни услови и воведување посебни мерки и механизми за практикување на истите од страна на малцинствата.

Покрај столбот на недискриминација, во врска со малцинските пра- ва постои и идентитетскиот столб кој се однесува на зачувување и промовирање на сопствената култура, на културниот живот и на идентитетот. И за двата столба важен е стожерниот принцип на учество во процесите на донесување на одлуките, без дискриминација, особено на оние кои директно ги засегаат малцинствата.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико