Правдико

   

Австрија одобри склучување на хомосексуални бракови

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд на Австрија овозможи склопување на истополови бракови во земјата од 2019. година.

Судот својата одлука ја образложи со забрана за дискриминација врз основа на принципите на еднаквост, со што стариот закон ќе биде поништен на 31 декември и веќе од 1-ви јануари ќе биде дозволено да се склопат истополови бракови, доколку законодавецот во меѓувреме не донесе поинаква одлука.

Одлуката на уставниот суд следува по жалба на две жени кои живеат во регистрирано партнерство и побарале склопување на брак, што надлежните власти на градот Виена не го дозволиле.

Нивниот адвокат, Хелмут Граупнер, смета дека одлуката на Уставиот суд е историска, и потсети дека австрискиот суд е првиот во Европа што ја укинува забраната за брак за истополови парови.

Во Австрија од 2009 година со закон им е овозможено на хомосексуалците да стапат во регистрирано партнерство.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико