Правдико

   

Битолчанец измамил сограѓанин за 49.000 денари

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 37-годишниот битолчанец Е.Б. за измама, информира Министерството за внатрешни работи.

– Во периодот од јануари до февруари 2017 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист довел во заблуда лице од Битола, дека ќе му помогне да го објави станот за продавање на интернет и за истото во повеќе наврати му зел околу 12.000 денари. Пријавениот исто така го довел во заблуда дека му се потребни пари за лекување на неговата ќерка во Германија, за што исто така во повеќе наврати му зел околу 37.000 денари, со што му нанел вкупна материјална штета од 49.000 денари – велат од МВР.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико