Правдико

Занимливости

 
 

Објавено: 21/03/2017

Forbes објави нова листа на најбогатите луѓе во светот

Соосновачот на Microsoft Бил Гејтс повторно се најде на прво место на листата најбогати луѓе во светот. Магазинот Forbes неговото богатство го порценил на 86 милијарди долари, додека претседателот на САД Доналд Трамп падна за повеќе од 200 места


 
 

Објавено: 15/03/2017

Персонализиран подарок за секоја од 2100те жени во Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола

Колку труд, работа, и љубов е потребно за да се посвети внимание и да се измами насмевка и задоволство од една жена, а замислете како тоа би излгедало за 2100 жени, и тоа за секоја посебно? Веројатно многу. Но тоа најдобро го знаат вработените во Кромберг & Шуберт.


 
 

Објавено: 06/03/2017

Руски пратеник предлага тепачките на хулиганите да станат спорт

Рускиот политичар и пратеник во Думата од редовите на екстремно Либерална-демократска партија на Русија, Игор Лебедев, предложил формирање на нова спортска дисциплина, тепачки на хулигани.


 
 

Објавено: 15/02/2017

И стражарите се плашат да влезат во затворот „Алкакуз“

И стражарите се плашат да влезат во затворот „Алкакуз“ Повеќе од две години чуварите не смееле да влезат во затворските блокови во бразилскиот затвор „Алкакуз“, кој се најде во светските медиуми поради смртоносните нереди во кои животите ги загубиле 26 затвореници, а чуварите сѐ уште не воспоставиле целосна контрола. Државата ја загуби контролата. Ги загубивме сите згради каде што се затворениците.


 
 

Објавено: 06/02/2017

Именувани извршителите на „големиот терор“ на Сталин

Имињата на членовите на озлогласената тајна полиција НКВД на Советскиот Сојуз, во текот на владеењето на Јосиф Сталин, станаа познати благодарение на напорите на Андреј Жуков, кој неуморно ги пребарувал илјадниците издадени наредби на оваа служба, во текот на неговите чести посети на Московскиот архив, уште од 1993 година


 
 

Објавено: 06/02/2017

Норвешка ја следи Шведска, иницијатива за воведување трет пол

Норвежаните треба да имаат можност да се идентификуваат онака како што сакаат или како што се чувствуваат, а поделбата на два пола, машки и женски, не ја отсликува вистинската состојба во општеството, смета лидерот на младите од Работничката партија на Норвешка.


 
 

Објавено: 31/01/2017

Жена од Берлин ќе плати казна од 250.000 евра ако пуши на својот балкон по 20 часот

На жена од Берлин ѝ е забрането да пуши цигара на својот балкон по 20 часот навечер, а ако ја прекрши наредбата од судот се соочува со казна од 250.000 евра или шест месеци затвор.


 
 

Објавено: 25/01/2017

Ограбил банка за да избега од сопругата в затвор

Американецот Лоренс Рипли, ограбил банка за да избега од сопругата, макар во затвор.


 
 

Објавено: 16/01/2017

Половина од светското богатство е во рацете на осум луѓе, тврди „Оксфам“

Имотот на најсиромашните 3,6 милијарди лица или половина од светската популација е еднаков на вкупната нето-вредност на имотот на осум лица и тоа ниво на нееднаквост би можело да ги разори општествата, предупреди британското хуманистичко здружение „Оксфам“.


 
 

Објавено: 04/01/2017

Истражување: Во Македонија германската плата вреди двојно повеќе

Македонија и другите земји долж балканската магистрала (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора) се најевтини за живот и во нив германски државјанин за истите пари, кои во својата земја ги троши за основни работи, може да добие двојно повеќе.


Партнери на Правдико