Правдико

   

Чуварот на Аушвитц побарал помилување на првиот ден од судењето

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На првиот ден од судењето во Лунебург, поранешниот “сметководител на Аушвиц” Оскар Гренинг побара помилување за жртвите од Холокаустот во кое се наведува дека се чувствува морална вина, но укажа и на разликата меѓу неговата работа и таа на џелатот.

oscar

„Нема сомневање дека носам морална одговорност. Јас барам прошка. Кога станува збор за одговорноста, одлуката е ваша“, рече со решителен тон 93-годишниот поранешен член на германската СС дивизија, пренесува Бета.

На Гренинг му се суди за активности кои ги вршел во Аушвиц, во мај и јули 1944 година, кога во логорот дошле околу 425.000 Евреи од Унгарија и кога 300.000 од нив биле егзекутирани во гасна комора.

Оскар Гренинг влезе во судницата со помош на двајца адвокати и беше ставен на обвинителната клупа каде внимателно го следеше читањето на обвинението.

Судењето започна во големата сала поради големиот интерес на медиумите, и пред судењето три симултани преведувачи на англиски, хебрејски и унгарски јазик положија свечена заклетва пред судот.

Во текот на сослушувањето, Гренинг го опишуваше секојдневниот живот во концентрационите логори внимателно правејќи разлика меѓу неговата работа и на чуварите кои биле директно вклучени во егзекуцијата на затворениците.

Гренинг изјави дека неговата задача била да се спречи кражба на багажот на депортираните луѓе.

Обвинителите тврдат дека Гренинг, меѓу другото, помогнал да се конфискуваат пари кои се земени од затвореник во логорот.

Оскар Гренинг не негира дека тој бил чувар во Аушвиц, но тврди дека тој не извршил никакво злосторство.

Франс Прес пишува дека судењето на Гренинг не би било без напорната работа на Томас Волтер – адвокат кој застапува околу 30 жртви или членови на семејството на жртвите во кампот.

Волтер објасни дека поради правни причини, обвиненијата против Гренинг се ограничени на унгарската акција од 1944 година, кога во Аушвиц пристигнаа 137 возови со 425 000 луѓе.

Судењето предизвика голем медиумски интерес. Тоа е предвидено дека ќе трае 27 расправи и треба да заврши кон крајот на јули.

Според германскиот историчар Андреас Зандер, западните сојузници, Западна Германија а потоа и обединета Германија осуди околу 6650 лица во врска со злосторствата на нацистите.

Меѓу нив, повеќето биле осудени за поткажување и прогонство, додека седум проценти биле осудени за “масовно убиство”.

Извор: РТС

Партнери на Правдико