Правдико

   

Денеска протести за Мартин Нешковски во повеќе градови

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За денеска во 18 часот, во повеќе градови низ Македонија се најавени протести со барање одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски.

protest-neskovski-12

Во групата на „Феjсбук“ насловена „Стоп за полициска бруталност“ пишува:

„Денот беше долг, исполнет со гнев и со правда. Полицијата тепаше, бркаше и го апсеше својот народ, испрати водени топови и пендреци. Денеска дознавме дека сите овие години бевме на вистинската страна. Да се избориме за живот! Секој ден во 6! Се гледаме утре!“

Протести се најавени и во Битола, а во најавата се вели:

„По обелоденувањето на снимките на кои се потврдува скривањето на убиството на Мартин Нешковски од страна на власта, и по протестот во Скопје, и Битола повторно се приклучува на протестите против полициската бруталност! Солидарно и сите заедно за подобра иднина! Планот е да се пречекаме кај фонтаната и да продолжиме преку Широк сокак до МВР. За подбора иднина за сите!“.

Исто така на „Фејсбук“, осамна и објава за протести во Прилеп:

„Прилеп, денеска во 18 часот ќе ‪#‎протестирам‬ против полициската бруталност, кај Ѕидот, кај камената бина. Сите што чувствуваат дека треба да ми се придружат се добредојдени. Транспаренти и свирчиња се реквизитите. Ако сака некој, нека направи и настан“.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико