Правдико

   

Девет загинати во бунт во затвор во Бразил

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најмалку девет луѓе загинаа во бунт во затвор во Бразил кога група вооружени затвореници нападнале крило контролирано од ривалска банда. Еден од убиените бил обезглавен, пренесе Би-би-си.

По немирите, повеќе од 100 члена и на двете банди успеале да побегнат. Како што соопшти полицијата, тие успеале да ја повратат контролата во затворот.

Немирите се чести во бразилските затвори, кои се познати по тоа што се преполни со затвореници и со недоволно вработен персонал.

Немирите започнаа во попладневните часови на Нова година во руралниот затвор во периферијата на главниот град на државата Гојанија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико