Правдико

   

ДИК почна со распределба на изборниот материјал

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната изборна комисија денеска почна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии за локалните избори закажани в недела.

За почетокот на активностите на карванот со изборен материјал во изјава за медиумите најавена за 9 часот утринава во печатницата „Полиестердеј“ во Визбегово ќе информира потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца.

Во согласност со изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО (избирачките одбори).

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико