Правдико

   

Дојче банка: Четири можни епилози за грчката криза

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Аналитичарот Џим Рид од Дојче банка смета дека после грчкиот референдум постојат четири можни сценарија за таа држава. Тој тврди дека најмалку веројатно е сценарио партнерите од еврозоната на Грција да и понудат многу „помека“ програма односно поволен пакет мерки.

e8d17464-840e-4d54-a140-9e716545893d-wpid-or_358_Deutsche

Со голема веројатност е и опцијата Грција да попушти и да остане во еврозоната благодарение на рекапитализацијата на своите банки со европски пари, при што грчката Влада за своите фискални потреби би користела само домашни извори на приходи.

Трето можно сценарио за Рид е актуелната грчка Влада да ја загуби власта бидејќи поради затворените банки има се поголеми економски и политички проблеми и се создава нова влада на национално единство која со кредиторите постигнува нов договор. Четвртото сценарио подразбира излегување на Грција од еврозоната. За тоа да се случи, главниот аналитичар на таа банка, Стефан Шнајдер смета дека шансите се 40 отсто. Шнајдер тврди дека ЕЦБ веројатно ќе сочека одлука на министрите од еврозоната во вторник пред да отпушти какви било дополнителни средства за Грција.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико