Правдико

   

Доживотен затвор за убиство на двајца братучеди

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

06062016151918_суд тетово30 годишниот Шабан Авдија од тетовско Мерово за убиство на неговите двајца братучеди Блерим (25) и Бесник (24) кое се случи на 7 мај 2015 година од петчлениот судски совет при Основниот суд во Тетово доби казна доживотен затвор

Во пресудата се опфатени и останатите учесници во пресметката на две групи блиски роднини кои со употреба на физичка сила, метални шипки и оружје расчистуваа имотни недоразбирања во месноста Јабланица близу Мерово.

Покрја Шабан, осудени за убиство во обид се неговите браќа Самир кој доби 7 години и Фаик 5 години. Тие се осудени за претепувањето на Меди, татко на убиените Блерим и Бесник. Братот Фесал за неовластено поседуавње оружје доби 3 години затвори.

Од друга страна, татакото на убиените браќа, Меди доби една година и шест месеци затвор за кривичното дело нанесување на тешка телесна повреда врз Фесал.

Адвокатот на Меди, Емил Недков, изрази незадоволство од пресудата и најави жалба.

– Мојот штитеник е осуден дека нанел тешка телесна повреда. Тој наводно некој од напаѓачите му нанел тешка телесна повреда со пукање од неговата ловна пушка, калибар 12 која ја поседсува со дозвола. а едниот од ранетите е докажано дека е ранет со калибар 16. Значи има пресуда која не соодеветствува со доказната постапка, изјави Недков.

Адвокатот на осудените браќа, како и обвинителот соопштија дека првин ќе ја прегледааат пресудата па ќе одлучуваат дали ќе покренат жалбена постапка.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико