Правдико

   

Двајца словенци уапсени во Грција со 370 килограми хероин

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца словенски државјани се уапсени кон крајот на минатата недела во Грција со 370 килограми хероин, поради што им се заканува казна до десет години затвор, потврди вчера словенечката полиција, наведувајќи дека спроведува истрага во врска со случајот и во Словенија.

E979A692465EDD4398C17BA5CF92F274

Во атинското пристаниште Патра уапсени се 33-годишниот возач Кламен Равбар и неговиот сопатник 45-годишниот Стане Забре.

Тие се уапсени откако полициското куче во нивното товарно возило, на траект кој патувал за Италија, под ауспухот на возилото извлекло пакет со еден килограм хероин, додека со дополнителен претрес е откриена рекордна количина од 370 килограми хероин.

Дрогата, распоредена во 340 пакети на црниот пазар би постигнала вредност од седум милиони евра, а во разредена состојба за продажба по дози 40 милиони евра.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико