Правдико

   

ЕУ ги прошири санкциите кон Северна Кореја

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската Унија денеска ги прошири сакнциите кон Северна Кореја, додавјќи на црната листа неколкумина севернокорејски функционери и фирми, јавуваат светските агенции. Ваквата одлука на ЕУ следи по заострувањето на реториката меѓу Северна Кореја и САД поради нуклеарните проби и тестирањата на балистички ракети што ги врши Пјонгјанг.

На списокот, како што пренесуваат агенциите, се додадени девет лица и четири фирми. Со ова, на црната листа на ЕУ сега се наоѓаат 103 лица и 57 фирми.

Северна Кореја вчера предупреди дека би можела да истрела ракета во правец на американскиот остров Гуам во Пацификот, на што претседателот на САД, Доналд Трамп, им порача на властите во Пјонгјанг дека ќе се соочат со „оган и гнев“.

Советот за безбедност на Обединетите нации на 5 август донесе резолуција која предвидува воведување нови, поостри санкции кон Северна Кореја, откако во јули властите во Пјонгјанг тестираа нова интерконтинентална балистичка ракета, која, како што изјави севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, може да го погоди копното на САД.

Извор:Мета.мк

Партнери на Правдико