Правдико

   

Функцијата на Европскиот совет

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eurЕвропскиот совет ги обединува највисоките политички лидери на ЕУ, т.е. премиерите и Претседателите, заедно со неговиот Претседател и Претседателот на Комисијата. Тие се среќаваат најмалку четири пати годишно со цел да ги одредат генералните политички насоки и приоритети на ЕУ. На состаноците учествува и Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

Што прави Европскиот совет?

Како самит на шефовите на држави или влади на сите земји на ЕУ, Европскиот совет го претставува највисокото ниво на политичка соработка меѓу земјите-членки. На нивните состаноци, лидерите консензуално одлучуваат за генералните насоки и приоритети на Унијата и го даваат неопходниот поттик за нејзиниот развој.Европскиот совет не усвојува закони. На крајот на секој состанок тој донесува „заклучоци”, кои ги содржат сите главни пораки што произлегле од неговите дискусии и сите донесени одлуки и начинот на кој тие ќе се спроведуваат. Заклучоците ги одредуваат позначајните прашања што ќе
ги разгледува Советот, т.е. ќе се разгледуваат на состаноците на министрите. Тие можат да ја повикаат и Комисијата да даде предлози за некој одреден проблем или нова можност за Унијата.

Состаноците на Европскиот совет по правило се одржуваат најмалку два пати на секои шест месеци. Дополнителни (вонредни или неформални) состаноци може да бидат свикани со цел да се дискутира за одредени итни прашања за кои треба да се донесе одлука на највисоко ниво, како на пример во областа на економските работи или надворешната политика.

Претседател на Европскиот совет

Функционирањето на Европскиот совет е координирано од страна на неговиот Претседател, кој е одговорен за свикување и водење на состаноците на Европскиот совет, како и за спроведувањето на неговата работа.Претседателот на Европскиот совет ја претставува Унијата во надворешниот свет. Заедно со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, тој или таа ги претставува интересите на Унијата во областа на надворешните работи и безбедноста.Претседателот е избран од страна на Европскиот совет со мандат од две и пол години и можност за еден реизбор.
Претседателствувањето на Европскиот совет бара целосно работно време, Претседателот не може во исто време да има функција во својата држава.

Како Европскиот совет ги донесува своите  одлуки?

Повеќето свои одлуки Европскиот совет ги донесува по пат на консензус. Но во неколку случаи се применува квалификувано мнозинство, како на пример при изборот на неговиот Претседател или назначувањето на Комисијата и на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.
Во случаите кога Европскиот совет ги донесува своите одлуки по пат на гласање, може да гласаат само шефовите на држави или на влади.

Секретаријат

На Европскиот совет му помага Генералниот секретаријат на Советот.

Евросамит

eur2Надвор од Европскиот совет, шефовите на држави или влади на земјите што го користат еврото, исто така се среќаваат најмалку два пати годишно, заедно со Претседателот на Европската комисија. Претседателот на Европската централна банка, исто така, е поканет на овие евросамити. На нив може да биде поканет да присуствува и Претседателот на Европскиот парламент.Овие состаноци претставуваат можност да се дискутира за управувањето на еврозоната, како и за поголемите реформи во областа на економската политика. Евросамитот формално е основан со Спогодбата за стабилност, координација и управување на економската и монетарна унија, која беше потпишана од страна на 25 земји-членки во 2012 година, а која се очекува да стапи во сила во 2013
година. Претседателот на евросамитот е назначен од страна на шефовите на држави или влади на земјите што се членки на еврозоната. Неговото назначување се врши истовремено со назначувањето на Претседателот на Европскиот совет, а нивните мандати имаат исто времетраење. Едно лице може да ги врши двете функции.

Во некои случаи лидерите на земјите што ја ратификувале Спогодбата за стабилност, координација и управување на економската и монетарна унија, а не го користат еврото како своја валута, исто така, учествуваат во дискусиите на Евросамитот. Во оние случаи, пак, кога овие земји не можат да присуствуваат на состаноците, Претседателот на Евросамитот целосно ги информира нив и другите земјичленки на ЕУ за подготовките и за резултатите од овие
самити.

Извор: http://eeas.europa.eu/

Партнери на Правдико