Правдико

   

Германија: Медицински техничар убил над стотина пациенти давајќи им голема доза лекови

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германските обвинители се сомневаат дека медицинскиот техничар, кој е на издржување доживотна казна затвор за две убиства, убил над стотина пациенти. Хогел на пациентите им давал преголеми дози лекови за срце и други медикаменти бидејќи уживал во чувството дека е во состојба да ги оживее.

Обвинителите и полицијата од Олденбурт соопштија дека ги завршиле анализите на телата на пациентите што починале во времето кога Нилс Хогел работел како медицинсски брат во две локални болници и пронашле уште 16 сомнителни случаи.

Кон крајот на август тие објавија дека е утврдено дека Хогел убил 84 пациенти, покрај двете жртви за кои веќе е осуден на доживотна казна.

Според најавите, до почетокот на идната година се очекува да бидат поведени дополнителни обвиненија против него.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико