Правдико

   

Граѓаните ќе може да увезуваат половни возила само со стандард „еуро 4“

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рокот за увезување половни возила што се постари од 2005 година истекува на 1 јули и по овој датум граѓаните ќе можат да увезат половни возила само со стандард „eуро 4“ или повисок.

benzin

Граѓаните кои купиле половно возило со стандард „еуро 3“ имаат рок до 30 јуни да ја платат царината и да ги завршат сите увозните процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен.

Одлуката за ограничување на увозот беше донесена уште во 2013 година и имаше одложено дејство.

Увозниците на нови возила тврдеа дека возилата со ниски еуро-стандарди се едни од главните предизвикувачи на загаденост на воздухот зиме.

Извор: Мета

Партнери на Правдико