Правдико

   

Грчката полиција конфискува 136 килограми кокаин

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката полиција конфискува 136 килограми кокаин за време на операција во земјата.

Дрогата била пронајдена во стан на Србин во Атина, осомничен за учество во меѓународна група која се занимава со шверц на кокаин од Латинска Америка кон Европа.

Полицијата објави дека се работи за 33-годишен маж, а трага и по 35-годишен српски соучесник.

Се верува дека профитот на групата изнесува повеќе од 15 милиони евра врз основа на износот на дрога запленета за време на операцијата и количината што била веќе продадена.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико