Правдико

   

Грчката полиција заплени над половина тон албанска марихуана

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката полиција во две одвоени акции заплени над половина тон марихуана произведена во Албанија.

 

Во првата акција, полицијата разбила криминална група што шверцувала дрога од Албанија, при што запленила 370 килограми марихуана и уапсила шест грчки и еден албански државјанин.

Полициската акција е спроведена во неколку делови на Атина, како и на островите Родос и Кос.

– Бранот апсења почна во реонот на Неа Еритреа во Атина, откако полицијата забележа како во комби се товари марихуана. Освен возилото и 370 килограми марихуана, при претрес на неколку автомобили и станови на уапсените запленети се и помало количество кокаин, над 192.000 евра, 1.420 долари, автомобили, такси возило, мотоцикл, 12 мобилни телефони и други предмети – стои во полицското соопштение.

Во втората акција, грчката полиција во Нераида, кај Игуменица, запленила 133 килограми мархуана. При оваа акција е упасен албанскиот државјанин во чиј во автомобил е пронајдена дрогата.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико