Правдико

   

Грција воведува построга контрола на странските НВО што дејствуваат во бегалските кампови

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката влада планира зголемување на контролата на невладините организации по инцидентите на Идомени. Владата подготвува нацрт-закон, кој ќе биде поднесен до собранието на гласање за да се воспостави поголема контрола над тоа кои се активистите што доаѓаат и дејствуваат во Идомени.

Screenshot

Идејата е министерството за цивилна заштита да врши контрола над невладините организации и над нивните активности. Секоја странска невладина организација која ќе сака да дејствува и да има активности во Грција, доколку помине законот, најпрво ќе мора да поднесе барање до министерството заедно со документи во кои се наведени нејзините членови, даночен број и банкарска сметка. Заедно со овие документи ќе мора да се образложи и од каде добива финансирање, како и кои ќе бидат сите нејзини конкретни активности.

Потоа од министерството за цивилна заштита ќе вршат проверка на активностите на организацијата, банкарската сметка и доколку биде одобрено барањето, организацијата ќе биде ставена на приоритетна листа и ќе ѝ биде одобрено да дејствува во момент кога ќе се увиди потреба за нејзините активности во земјата, со конкретна листа на работи за кои може да дејствува.

Со законот целосно ќе се забранат иницијативи и функционирање на невладини организации без дозвола од државата, како што е сега.

Грчката полиција продолжува со контролата на лицата што влегуваат во Идомени, а вчера приведе и нови активисти на распит за нивните активности и за улогата во бегласкиот камп.

Извор: Мета

Партнери на Правдико