Правдико

   

Грците со нови масовни протести за поддршка на Ципрас

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчките граѓани масовно се мобилизираат за нов протест за поддршка на владата. На социјалните мрежи се шират голем број покани за повеќе протести и собири за спротиставување на барањата на европските институции и за силна поддршка на премиерот Алексис Ципрас.

10167428725_157ddd0f47_k

Под слоганот „Ги преземаме преговорите во наши раце – ја рушиме рецесијата“, илјадници граѓани утре ќе се соберат на главниот плоштад, слично како и на почетокот на преговорите меѓу владата на Ципрас и европските кредитори, за да покажат согласност со политиката на СИРИЗА и силен отпор кон политиката на европските кредитори и нивните барања за нови строги мерки за штедење за возврат за финансиска помош за Грција.

Протестите, кои имаат цел јасно да ја пренесат волјата на грчкиот народ до меѓународните кредитори, доаѓаат во критични моменти на неизвесност за грчката финансиска иднина, грчкото напуштање на преговорите и неможноста да се надминат разликите меѓу грчките и европските барања. Народната поддршка се гледа и преку бројките на новата анкета на телевизијата „Мега“, според која СИРИЗА води 12 отсто пред Нова демократија. Поконкретно, левичарската партија има поддршка од 35,1 отсто наспроти десничарите со 23 отсто рејтинг. Зголемените закани за грчкиот излез од еврозоната изгледа не влијаат на грчката влада, која цврсто останува на своите црвени линии и не планира да испраќа нови, подобрени листи со реформи до европските институции, во кои би омекнала по ставови како намалување плати и пензии и зголемување на трошоците за живот, мерки кои, според неа, одново би го втурнале народот во финансиска турбуленција и во неизвесност за преживување на месецот.

Среде исклучително тензична клима за Грција, премиерот Алексис Ципрас денеска ќе ги извести директно за текот на преговорите првите луѓе на опозициските партии во парламентот. Ципрас има закажано средби со лидерот на Река, Ставрос Теодоракис, и со новата претседателка на ПАСОК, Фофи Генимата.

Она што исклучително изненадува е неговата средба со Дора Бакојани, наместо со првиот човек на Нова демократија, Андонис Самарас. Медиумите шпекулираат дека средбата со Бакојани е за да се искористи моментот на бројни несогласувања во Нова демократија, особено несогласувања меѓу Бакојани и Самарас, во насока на тоа каде треба да се движи и партијата и државата и да се добие партнер за соработка и од страна на најголемата опозициска партија. Она што се смета дека ја прави Бакојани пофлексибилен партнер за разговори и за комуникација со СИРИЗА се нејзините ставови дека е потребен национален консензус за да се спречи грчка трагедија и државата да се одржи стабилна.

Оцените се дека овие средби, освен што ќе ги информираат помалите опозициски партии за случувањата во преговорите, ќе бидат и обид Ципрас да ја испита климата кај другите партии за можна поддршка на идните владини чекори околу постигнување договор со кредиторите.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико