Правдико

   

Харадинај останува во притвор, се чека барање за екстрадиција од Србија

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ramushsss_1483557816-1107890Францускиот апелационен суд одлучи дека Рамуш Харадинај ќе остане во притвор се додека Србија не испрати официјално барање за екстрадиција, јавува Ројтерс.

Харадинај, беше уапсен во средата вечерта на аеродромот во Базел, врз основа на потерница од Србија во 2004 година.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, по телефон разговараше со шефот на француската дипломатија Жан Марк Ероом, и побара Харадинај да биде ослободен, објави Коха Диторе.

“Јас ја објаснив ситуацијата и апсурдноста на барањата на Србија, што е неприфатливо за нас. Барав Харадинај да биде ослободен во најкраток можен рок и јас верувам дека тоа ќе се случи”, рече Хоџај.

Српското Министерство за правда ги предаде на француските судски органи сите документи во врска со случајот на Рамуш Харадинај.

Партнери на Правдико