Правдико

   

Иницијатива против сексуалното вознемирување во Холивуд

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Над 300 холивудски актери, сценаристи и режисери покренаа иницијатива против сексуалното вознемирување во филмската индустрија и други области.

Иницијативата под наслов „Времето истече”, беше објавена на цела страница во „Њујорк Тајмс”, а на нејзината интернет страна, во „писмото на солидарност” се наведува дека мора да се променат методите со кои жените понекогаш се борат за да се пробијат и чујат.

– Истече времето на сексуални напади, вознемирување и нееднаквост на работното место. Време е да се преземе нешто за тоа, се наведува во писмото упатено до „секоја жена која морала да се брани од сексуални тормозење”, но и коешто „претставува предупредување кон напасниците кои честопати остануваат неказнети“.

Холивудскиот проект опишан како „обединет повик за промени од жените во забавната индустрија, за жените насекаде” уследи по низата обвинувања од познати актерки за сексуално вознемирување од страна на продуцентот Харви Вајнстин, и други свои колеги.

Кампањата ја поддржаа ѕвезди како што се Натали Портман, Риз Витерспун, Кејт Бланшет, Ева Лонгорија и Ема Стоун, а веќе се собрани 13 милиони долари за правна помош на жртвите на сексуално вознемирување на работното место.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико