Правдико

   

Исмаил Дарлишта избран за обвинител во ЈОРМ

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот уставен судија и министер за правда, Исмаил Дарлишта, на денешната седница на Советот за јавните обвинители е избран за обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.

За прв човек на Вишото јавно обинителство во Битола е именувана Мери Тромбева, Билјана Стефчева е именувана за шеф на радовишкото Основно јавно обвинителство, а Ханефи Амет од Вишото скопско обвинителство е избран за обвинител во Основно јавно обвинителство во Тетово.

На седницата избрани беа и неколку в.д. шефови на обвинителства, кои ќе ја вршат должноста во следните еден-два месеца додека новиот јавен обвинител да си формира свој тим.

За вршител на должност на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал е назначена Гордана Смаќоска, на Основното јавно обвинителствоСкопје е именуван Сашо Рајев, во ОЈО Куманово е избрана Теута Бедиу, во Гостивар – Башким Исини, а прв човек на битолското Основно јавно обвинителство останува Антонио Јолевски.

За другите места за кои беше распишан оглас, тој ќе биде поништен и ќе биде објавен нов.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико