Правдико

   

Историја на Каталонија: Кои се Каталонците и зошто бараат независност?

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Каталонците се народ со посебен јазик, култура и историја. Живеат во каталонските земји, во чиј состав влегуваат Валенсија, Балеарските Острови, делови од шпанскиот регион Арагон, Русилон во јужниот дел на Франција и самата Каталонија. Каталонија е област во североисточна Шпанија, каде што живеат 7,5 милиони луѓе. Оваа област учествува со 15 проценти од шпанската популација и 20 проценти од нејзината економија. Меѓу најпознатите Каталонци се сликарот Салвадор Дали, архитектот Антони Гауди, Џоан Миро, Феран Адрија и фудбалерот Пеп Гвардиола.

Каталонската автономија е тема која често се повторува во историјата на земјата.

Дефинираниот регион на Каталонија првпат бил споменат во 12 век, стотици години пред обединувањето на Шпанија. По декретот на Нуева Планта од 1716 година, бил ставен под директно владеење на Мадрид. Во 1931 година, кога Шпанија станува република, Каталонија добила поголема политичка автономија во државни рамки. Но, по Граѓанската војна во Шпанија, воената влада на Фрациско Франко ја укинала автономијата на регионот. Во текот на владеењето на Франко, од 1939 до 1975 година, каталонската култура била строго потисната. Симболите на каталонскиот идентитет, како castellas или кули од луѓе, биле забранети, а Каталонците, според некои информации, биле принудени да им даваат шпански имиња на своите деца. Во јавноста било забрането да зборуваат на мајчин јазик.

По падот на Франко, желбата за автономија на Каталонија повторно еволуирала. Во 1979 година бил објавен нов Статут за Каталонија, подоцна обновен од каталонскиот парламент. Изборите за тело од 135 члена беа одржани во март следната година. Регионот, кој го сочинува една од 17-те шпански „автономни заедници”, има своја сопствена полиција и овластување за прашања како што се образованието, здравството и социјалната заштита. Исто така, постојат одредби за заштита на каталонскиот идентитет, вклучувајќи статус на заеднички јазик за каталонски и кастилски, а со законот, наставници, лекари и вработени во јавниот сектор можат да го користат каталонскиот јазик на работното место.

Напорите за целосна независност од Шпанија добиваат интензитет во последниве години, особено по економската криза во Шпанија во 2008 година. Поддржувачите на независноста тврдат дека Каталонија е еден од најбогатите шпански региони и дека дава повеќе финансиска поддршка за Шпанија, повеќе од централната влада во Мадрид. Многумина сметаат дека силната економија на регионот покажува дека ќе биде одржлива како суверена држава. Во Барселона, главниот град на Каталонија и една од поголемите туристички дестинации, живеат околу 1, 6 милиони луѓе.

Референдумот за независност што се одржа вчера е втор во последните три години. На 9 ноември 2014 Каталонците спроведоа т.н. „симболичен реферндум“ бидејќи на барање на централната Влада во Мадрид, Уставниот суд на Шпанија во два наврати го прогласи организирањето на референдум за независнот на Каталонија за незаконско.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико