Правдико

   

Историскиот развој и значење на Адвокатската заедница во Битола

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со уставните измени, новото регулирање на адвокатурата со Законот за адвокатура и измените на Статутот на Адвокатската комора на СР Македонија, адвокатурата во Битола добила правна регулација со донесување на нормативeн акт – Статут кој бил донесен на ден 16.12.1976г.

36

По донесувањето на Статутот, адвокатите преку иницијативниот одбор поднеле барање до Собранието на Општина Битола за регистрација на Општинската адвокатска организација Битола. Во барањето меѓу другото се наведува: „Волјата на сите присутни адвокати, на број 18, а само еден отсустен, е да се изврши запишување во регистарот на здруженија на граѓани на Општината Битола, но со цел да го запазиме барањето од чл.5 од Законот за здруженија на граѓани, посебно како основачи, се јавуваме подолу потпишаните.“ Како основачи, односно подносители на барањето се потпишани адвокатите: Сотир Главинче (претседател на ОАО), Илија Кочовски (секретар на ИО), Гоце Милошевски (благајник), Александар Ѓузелковски, Петар Ефтимски, Петро Чаламани, Михаил Георгиев, Целе Ангеловски, Наум Чомовски, Радојица Неќак.

25 (3)Со институционализирањето на адвокатската организација и донесувањето на Статутот се означи и улогата и целта на адвокатурата односно на организирањето на адвокатите во градот. Во чл.1, од споменатиот Статут стои дека: „ОАО Битола е самоуправна организација на сите адвокати, адвокатски приправници на подрачјето на Општина Битола и подрачен орган на Адвокатската комора на Македонија, без својство на правно лице.“.

Покрај тоа, општинската адвокатска организација во извршувањето на своите задачи, имала обврска да го чува угледот на адвокатурата како самостојна општетсвена служба – составен дел од правосудниот систем и самоуправуваното општество, да се грижи и да ги  контролира на своето подрачје адвокатите и адвокатските приправници во вршењето на својата функција во сопственото пружање на правна помош, заштита на законските права и интереси на странките,  да се грижи за стручно усовршување и  изградување на адвокатите и адвокатските приравници, да развива адвокатска етика и солидарност, да се грижи за материјалните и останатите интереси на адвокатите и адвокатските приправници.

25 (4)Основната организација во својот Стаут предвидувала и обврска да се орагнизира и развива другарство и колегијалност помеѓу членовите и ги поттикнува на учество во јавниот живот, да дава мислење за упис на адвокатите во Именикот на АК на Македонија на своето подрачје, да ги врши сите работи кои Адвокатската комора на Македонија ќе ги пренесе во делокруг на ОАО Битола, како и да управува со паричните средства на ОАО и ја одредува наменската потреба на тие средства за одредени цели.

Оваа година, Адвокатите од Битола,  преку Адвокатската заедница- Битола  донесоа одлука да го одбележуваат 16-декември како ден на адвокатурата и адвокатите на Битола. По тој повод на 16.12.2014г.  во ресторан Белведере – Битола, се одржа свечен состанок на АЗ Битола и пригодна прослава на која присуствуваа повеќе од 100 адвокати, адвокатски приправници и стручни соработници. На прославата гостуваше и делегација од тројца адвокати од збратимената Адвокатска комора од Крагуевац во состав адв.Звонко Марковиќ, претседател на Комората, адв.Борис Рибаровски, заменик претседател на комората и адв.Милован Стојановиќ, член на УО на АКК.

DSC_0307На свеченоста претседателот на АЗ Битола, адв.Никола Главинче,  изјави:

Битола е град на адвокатурата, исто како што е град на конзулите. Преку сеќавањето на минатото добиваме енергија за иднината. Имаме плеада на адвокати кои ја поставиле адвокатурата на високо ниво во општеството и преку нивното споменување добиваме сила за предизвиците на новото време. Оваа прослава и свеченост покажува една позитивна енергија на адвокатите кои за прв пат во толкав број се заедно. Посакувам од година во година оваа активност да ги надмини локалните рамки и да прерасни во симбол на професионалноста, пријателството и добрата воља на адвокатите. Имавме успешна година со низа активности кои ги остваруваат нашите обврски од правилниците на АКРМ. Сите тие активности се организирани со голем ентузијазам и од сопствени средства на адвокатите.

Претседателот ги повика своите колеги како и досега и во иднина во својата работа да постапуваат согласно највисоките етички принципи и во слободното време да помагаат на општеството, вклучувајќи се во активности на хуманитарни организации и општествено корисни форми на организирање. На тој начин, нагласи тој ќе се популаризира адвокатурата и духот на адвокатите, кои секогаш застануваат во заштита на граѓаните во случај на повреда на нивните права и слободи и во заштита на нивните правни интереси.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико