Правдико

   

Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денеска почнува да тече рокот од 20 дена во кој мандатарот за составување на новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да поднесе програма и предлог-состав на Владата до Собранието.

gruevski-mandat

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како што беше најавено, попладнево, дваесетина минути по 13 часот, на кратка свеченост во вилата на Водно му го врачи мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

На предвремените парламентарни избори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број пратенички мандати – 51, СДСМ има 49, ДУИ – 10, Движењето Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА освои 2 пратеници.

Груевски сега има 20 дена да состави влада која ќе ја има поддршката од мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието, односно од минумум 61 пратеник.

Партиите од албанскиот блок ДУИ, Движење Беса и Алијанса за Албанците, на Божиќ соопштија дека усвоиле заедничка платформа, која ќе биде нивна основа во преговорите за учество во новата влада.

Извор: Мета

Партнери на Правдико