Правдико

   

Иванов: Одговорност мора да има и за сето она што е сторено и за сето она што не е сторено

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за безбедност изрази најостра осуда за нарушувањето на безбедноста на земјата, чија цел е дестабилизација на Македонија, изјави претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по завршувањето на седницата.

ivanov

По средбата на која учествуваа и претставници на ДУИ, СДСМ и на ДПА, Иванов рече дека за заклучоците јавноста ќе биде наскоро информирана.

– Ова група нема поддршка ниту во Македонија, ниту во регионот, знаевме дека е сочинета од екстремни криминални поединци со добри вештини, не ги потценивме во ниту еден момент да извршат терористички напад и затоа беше во толкав обем акцијата и затоа, за жал, плативме и со толкава цена – рече Иванов.

Тој вели дека за активностите на групата бил запознаен уште на почетокот на годината, по што земјава писмено ги известила партнерските служби за безбедност од 17 земји на ЕУ и на НАТО, но тоа не дало резултати. Претседателот вели дека ова што ѝ се случува на земјата овие два дена е она на што тој предупредил при неговото обраќање во ОН.

– Скапо ќе платат за тоа што се обидоа да сторат на Македонија. Нема да дозволиме ескалирање на состојбата – рече Иванов.

Тој нагласи дека политичкиот дијалог предолго го нема и крајно време е лидерите на политичките партии да почнат да разговараат за надминување на политичката криза.

– Одговорност за состојбите во Македонија мора да има и за сето она што е сторено и за сето она што не е сторено, а требало да се стори – рече Иванов.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико