Правдико

   

Ја затворал канцеларијата во Битола и го нападнале крадци

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во понеделникот битолчанец пријавил дека кога ја заклучувал канцеларијата го нападнале крадци, кои му ја затвориле устата, го врзале и го турнале по скали.

policija1-630x420-2

Имено, Д.Д. (74) од Битола пријавил дека во неделата, околу 19.30 часот ул. „Браќа Мингови“ во административна канцеларија две маскирани непознати лица извршиле разбојништво над истиот, при што му одзеле едно ДВД “Филипс“, златен накит и накит бижутерија.

Имено, Д.Д. откако го отклучил катанецот од влезната врата на наведениот објект, од задната страна му дошле лицата, го турнале по скалите каде истиот паднал, му ги врзале рацете и устата, по што му побарале пари. Откако им кажал дека во него има само 250 денари, лицата не му ги одзеле и почнале да пребаруваат по објектот каде ги нашле и одзеле наведените работи и го напуштиле местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико