Правдико

   

Јанева денеска пред Советот на обвинители

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

novi-prostorii-Katica-JanevaСпецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска пред Советот на јавни обвинители и пред тричлена комисија ќе образложи зошто од својот тим ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска пишува Новатв.

– Јанева пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за нашата работа“, велат од Специјалното јавно обвинителство.
Советот на јавни обвинители оваа комисија ја формира токму за овој случај, како надлежен орган при вакви случаи и за контрола на работата на СЈО.

Објаснувањето на Специјалното обвинителство е дека двете обвинителки се прогласени за вишок во согласност со обемот на работа. Советот на обвинители се сомнева дека при разрешувањето на двете обвинителки била прекршена процедурата.

Викендов беше објавена информацијата дека била поднесена кривична пријава против тројца обвинители од тимот на Јанева, за малтретирање во вршење на службата. Пријавата е поднесена е од физичко лице кое тврди дека истражители на Јанева му се заканувале и се обидувале да му изнудат изјава.

Од СЈО вчера изјавија дека односителот на кривичната пријава ќе треба да ги докаже тврдењата

За сомневањата дека при примопредвањето на материјалите од прислушуваните разговори не било постапено според законот, Јанева ќе даде писмено образложение.

Извор:Новатв

Партнери на Правдико