Правдико

   

Јово Вангеловски ја испитува наредбата за претрес на СЈО за Панчевски

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски заедно со членови од Судскиот совет, денеска, неофицијално, отишол во ненајавена контрола на гевгелискиот суд.

Тоа следи откако поранешниот претседател на кривичниот суд, судијата Владимир Панчевски, пред една недела, обвини дека истражител на СЈО при претресот во неговиот дом, му го украл клучот. Панчевски го темели тврдењето врз видео-снимка од надзорна камера во неговиот дом, која ја објави ТВ Алфа.

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е доказ за начинот на кој работи СЈО и како што вели, притисоците што се вршат врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги. Тој смета дека снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата на СЈО.

Претресот во домот на Панчевски е поврзан со предистражната постапка што ја води СЈО за бизнисменот Љупчо Палевски, а налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд.  Според него, наредбата за претрес е за кривичните дела незаконско прислушување и уцена и го спори тоа што е издадена од гевгелискиот суд.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико