Правдико

   

Како до подобра законска регулатива која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното работење?

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Овој документ содржи препораки за подобрување на законите кои го уредуваат персоналниот данок на доход, надворешната (даночна) контрола и овластувањата на органите на прогон при спроведување на предистражни дејствија1. Документот се заснова на детална правна анализа на спроведените инспекции и контроли над 21 граѓанска организација во периодот од декември 2016 до мај 2017 година.

Препораките произлегуваат од идентификуваните проблеми со кои се соочија граѓанските организаици, а се последица на одредени непрецизни законски одредби. Препораките се насочени пред сѐ кон појаснување и прецизирање на постојните законски одредби и јасно дефинирање на правата и должностите на граѓанските организации2 во случаи кога се предмет на инспекции и предистражни постапки од страна на надлежните органи и особено прецизно уредување на овластувањата на овластените лица кои ги вршат контролите односно
предистражните дејствија.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико