Правдико

   

Како се одвива постапката за расправање на оставина

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

tetetetОсновни поими (Обновено: 08.01.2017)

Наследувањето представува пренос на имот на едно лице (во случај на смрт) врз други лица (неговите наследници)

Оставината е имотот кој по смртта на едно лице  се пренесува на неговите наследници

Оставител е лицето чија што оставина се пренесува на неговите наследници.

Постапка за расправање оставина

Во постапката за расправање на оставина судот ги утврдува наследниците на умрениот,имотот кој ја сочинува неговата оставина и правата од оставината што им припаѓаат на наследниците,на легатарите и на други лица(член 120 ЗВП). По сила на закон имотот преминува на наследниците по смртта на едно лице или по правосилноста на решението со кое едно лице се прогласува за умрено.

Иако ова преминување на оставината во моментот на неговата смрт (на оставителот) е по сила на закон сепак треба да се преземат и низа други дејствија и тоа не само од органот кој е надлежен да ја води постапката туку и од  други органи како и од наследниците и други лица кои остваруваат права од оставината. Постапката за расправање на оставина се поведува по службена должност веднаш штом судот ќе дознае за смртта на лицето или дека лицето е прогласено за умрено.

Во оваа постапка како прво треба да се направи утврдување на наследниците на кои треба да премине имотот од оставителот,потребно е точно утврдурдување на имотот кој е предмет на оставина во кои спаѓаат сите недвижни и подвижни ствари кои биле во сопственост на оставителот како и права во кои спаѓаат и сите побарувања на оставителот спрема други лица а исто така и неговите обврски спрема трети лица.

Исто така овде се јавува и основот по кој наследниците се јавуваат како учесници во постапката кој може да биде врз основа на закон или врз основа на тестамент. Важен дел во постапката е и утврдувањето на наследните делови, дали оставителот составил тестамент, дали има и кои се легатари, кој ги презема обврските на оставителот како и  низа други прашања кои се сврзани со постапката за расправање на оставината.

Субјекти во постапката

Како учесници во оваа постапка можат да се јават наследниците и легатарите и други лица кои остваруваат некое право од оставината. Во однос на наследниците не може истовремено да се јават сите наследници туку истите ќе бидат повикани по определен редослед.Според Законот за наследување врз основа на закон умрениот го наследуваат : сите негови потомци,неговите посвоеници и нивните потомци,неговиот брачен другар,неговите посвоители,неговите родители,неговите браќа и сестри и нивните потомци и неговите баби и дедовци и нивните потомци со што овие лица наследуваат по своите наследни редови ,со што наследниците од поблискиот наследен ред ги исклучуваат од наследство лицата од подалечниот наследен ред .

Надлежност на судовите

За расправање на оставина на државјанин на Република Македонија во однос на неговиот имот кој се наоѓа во Република Македонија исклучиво е надлежен судот на Република Македонија, односно нотар како повереник на судот. Судот ќе му го довери на нотарот спроведувањето на оставинската постапка и ќе му го достави оставинскиот предмет со сите списи, во рок од осум дена од денот кога предметот ќе биде заведен. Кога нотар спроведува дејствија во оставинската постапка како повереник на судот, овластен е да ги презема сите дејствија во постапката и да ги донесе сите одлуки, освен оние за кои со овој закон поинаку е пропишано.

Суд на Република Македонија исклучително е надлежен за расправање на оставина на државјанин на Република Македонија во однос на неговиот движен имот што се наоѓа во странство, а во однос на неговиот недвижен имот кој се наоѓа во странство ќе биде надлежен само ако според законите на државата во која се наоѓа имотот не е надлежен странски орган.За расправање недвижна оставина на странски државјанин исклучиво е надлежен судот на Република Македонија ако недвижностите се наоѓаат во Република Македонија.

eeewПоведување на постапката

Постапката расправање на оставината е строго официјална постапка.Судот ја поведува постапката по службена должност, веднаш штом ќе дознае за смртта на лицето или дека лицето е прогласено за умрено.За смрта на лицето судот дознава,по правило,кога ќе добие смртовница од матичарот кој извршил упис на смртта во матичната книга на умрените.Освен од матичарот судот може да добие указување и од други лица во кои спаѓаат заинтересираните лица како и сите други лица кои имааат правен интерес да се поведе оставинска постапка за расправање на оставината на умрениот,односно на исчезнатото лице кое со правосилна одлука е прогласено за умрено.

Оставинската постапка не може да се поведува со предлог,бидејќи предлагачот може да го повлече предлогот и тогаш судот,односно нотарот,треба да донесе решение со кое ќе ја запре постапката па така целта на поведување на постапката по службена должност е да не се повреди принципот на правна сигурност и да се почитува волјата на оставителот во случаите кога оставителот оставил тестамент.Поведувањето на потстапката за расправање на оставината не е исто што и спроведувањето расправа бидејќи постапката за расправање на оставината мора да се поведе по службена должност секогаш,а дали ќе се спроведе расправа ќе зависи от тоа дали во оставината има недвижности или не.

Ако во случај постои недвижност во оставината тогаш судот односно нотарот на кого ќе му биде доверен предметот ќе мора да спроведе расправа без оглед на тоа дали учесниците во постапката  го сакаат тоа или не.Од  ова следи членот 165 од ЗВП дека постапка за расправање оставина се води секогаш,а судот осносно нотарот ќе одлучи да не се води постапка за расправање на оставина кога оставителот не оставил имот и кога умрениот оставил само подвижен имот,а ниту едно од лицата повикаи на наследство не бара да се спроведе расправа.

Нотарот како повереник на судот

Уште со стапување на законот за вонпарнична постапка на Република Македонија по примерот на многу држави во светот се предвиде можноста нотарот да може да расправа за оставината.Според  Законот за вонпарнична постапка за расправање на оставината надлежен е суд односно нотар како повереник на судот.Судот му го доверува на нотарот спроведувањето на оставинската постапка и ќе му го достави оставинскиот предмет со сите списи во рок од осум дена од денот кога предметот ќе биде заведен.

Предметите се доверуваат според службените подрачја што ги имаат утврдени со Законот за нотаријат. Претседателот на овај суд е овластен согласно  со одредбите од овој закон оставинските предмети да ги довери на постапување на нотарите со седиште на подрачјето на надлежниот основен суд..Нотарите како судски повереници,преземаат дејствија и донесуваат одлуки во оставинската постапка согласно со одредбите на овај закон.Судот може од некои важни причини како што се:неможност за постапување на нотарот поради болест или некои други прчини ,поради очигледно занемарување на службените дејствија како и поради други причини по оцена на судот да го одземе од нотарот натамошното спроведување на оставинската постапка ,и постапката сам да ја спроведе или да му ја довери на друг нотар. При спроведување на оставинската постапка нотарот донесува одлука во форма на решение. Од 1-ви јануари 2017 со новиот Закон за нотаријатот при расправањето на оставината задолжително е присуство на адвокат во својство на полномошник за секој од учесниците.

Доколку во постапката пред нотар со овој закон е пропишано задолжително учество на адвокат, адвокатите без оглед на нивниот број во конкретно правно дејствие пред нотар имаат право на вкупна награда и трошоци во висина од 50% од наградата и трошоците за преземање на соодветното правно дејствие пропишани со Нотарската тарифа, додека нотарот кој го преземал соодветното правно дејствие има право на останатите 50% од наградата и трошоците.

Нотарот нема да ја издаде нотарската исправа или решение, доколку странките претходно не ги надоместат наградата и трошоците на нотарот и адвокатот и таксите.

Против решението на нотарот кој постапува како повереник на судот,дозволен е приговор во рок од осум дена од денот надоставувањето на решението на учесниците.Приговорот се доставува до нотарот кој е должен без одлагање,но најдоцна во рок од три дена,заедно со списите од предметот да го достави до надлежниот основен суд кој му го доверил постапувањето по оставинскиот предмет каде по овај предмет одлучува судија поединец.

Во однос на делба на наследството делба на наследството може да бара секој наследник во секое време.Ова право не може да застари.Делбата на наследството наследниците можат да ја извршат спогодбено вонсудски или во постапка пред суд,односно пред нотар во вонпарничната постапка за делба на заеднички предмет или имот.Ако нема спор за начинот и условите за делба ,делбата се врши кај нотар во форма на нотарски акт.Меѓутоа делбата на наследството може да се изврши и во постапка за расправање на оставината ако не постои спор затоа кои лица се наследници и колку изнесува наследничката квота на секој од нив.Во тој случај ,ако сите наследници спогодбено предложат делба и начин на делба,нотарот таквата спогодба ќе ја внесе во решението за наследување,а во спротивно списите ќе му ги врати на судот.

Нотарот не може да ја одбие доверената работа ,освен ако има исклучително оправдани причини.Законот за вонпарнична постапка не наведува точно причини кои би можеле да бидат исклучително оправдани но во секој случај тоа би биле причини кои би го го правеле судијата неподобен во конкретен случај да биде судија,кога тој по сила на закон мора самиот да се изземе.Надзор на работата на нотарот кога тој постапува како повереник на судот врши судот кој му ја доверил работата.Ако нотарот ја одбие доверената работа или ако судот му ја одземе доверената работа,судот ќе му нареди на нотарот да ги предаде списите.Ако нотарот одбие да го изврши налогот на судот или ако одбие да ги предаде списите од доверената работа судот може да го казни нотарот.

За постапувањето на нотарот како повереник на судот во спроведување на оставинската постапка Законот за вонпарнична постапка предвидува дека на нотарот му следува награда и му се признаваат трошоците кои ги имал при спроведувањето на постапката за расправање на оставина.Наградата се определува така што една награда се определува за сите преземени дејствија во една оставинска постака. Висината на наградата се определува со правилникот за нотарска тарифа.

 –ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

Како се врши распределба на оставината по наследни редови

Кога наследникот се прогласува за недостоен за наследување?

Партнери на Правдико