Правдико

   

Караџовски не смета дека го крши Уставот што не дозволи јавност на седницата

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски не смета дека го прекршил уставното право на поранешната претседателка на Управен суд и кандидатка за нов мандат, Лидија Неделкова која побара јавно да се разгледува нејзиниот приговор.

„Согласно законот за судовите и деловникот за работа на Сускиот совет на Република Македонија мора да се испочитуваат одредбите за нејавност на седниците во овој дел, особено што решенијата кои се изготвуваат со оцените се од доверлив карактер. Секој ја добива оцената во затворен плик. Тоа е така уредено и со законот и со деловникот на работа и од тие причини не може јавноста да биде присутна“, рече Караџовски, но додаде дека секој судија поединечно може да ја обзнани својата оценка доколку сака.

Тој не кажа ни дали екс претседателот на Основен суд, Владимир Панчевски поднел приговор повторно повикувајќи се на закон.

„Имаше приговори од кандидати од сите судови освен од кандидатите за претседател на Основен суд Тетово. За другите огласени места за претседатели имаше приговори, но само од дел од кандидатите“, рече Караџовски.

Претседателот на Судскиот совет рече дека дел од приговорите се уважени, а дел не, но не кажа чии приговори се прифатени.

„Дел каде што имаше основаност има изменет број на бодови, а во дел се првичните оцени“, рече Караџовски.

Судскиот совет зад затворени врати одлучуваше по барањето од повеќе кандидати за претседатели на Врховниот и Кривичниот суд за повторно оценување поради незадоволство од оценките на вонредното оценување кое Судскиот совет го спроведуваше во текот на декември.

Неделкова, сакаше јавно да го праша Советот зошто не ѝ ги бодува научните трудови што ги објавила како претседател на највисокиот суд во странски медиуми, зошто таа додека беше претседател, како претставник на Република Македонија за време на нејзиниот четиригодишен мандат, кој траеше до 4. декември лани, на ист начин е оценувана од Судскиот совет како претседателите на основните судови во Делчево, Крушево и Дебар, зошто ѝ се скратени бодовите во вонредното оценување само нејзе.

Како што појасни Караџовски, оценувањето на судиите и за судовите во внатрешноста и за скопските судови се врши на ист начин.

Караџовски претпоставува дека до крајот на месецот можно е да се изберат нови претседатели на Кривичниот и  Врховниот суд во Скопје и во Апелациониот во Штип.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико