Правдико

   

Каталонија ќе прогласи независност на 9 октомври

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Каталонските лидери соопштија дека ќе прогласат независност од Шпанија на 9 октомври, откако Мадрид го одби барањето на претседателот на Каталонија за посредство во решавањето на кризата.

Најавено е дека декларацијата ќе следува по седницата на парламентот на Каталонија на која треба да биде потврден резултатот од референдумот за независност што Мадрид го прогласи за незаконски.

Претходно шпанската влада го одби повикот на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон да прифати посредување во кризата.

-Доколку господин Пучдемон сака да разговара и преговара или да испрати посредници, добро знае што треба да направи, да се врати на патот на законот кој никогаш не требаше да го напушти, соопшти владата во Мадрид.

Пучдемон пак оцени дека шпанската влада е неодговорна поради одбивањето на посредството во решавањето на кризата.

-Ова е момент кога посредувањето е потребно. Добивме различни понуди изминатите часови и ќе добиваме уште. Сите знаат дека сум подготвен за почеток на процесот на посредување, рече Пучдемон во обраќањето што го пренесуваше телевизијата.

-Ќе повториме онолку пати колку што е потребно: дијалогот и договорот се дел од политичката култура на нашиот народ. Меѓутоа, државата не даде позитивен одговор на оваа понуда, рече Пучдемон.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико