Правдико

   

Кавадаречкиот градоначалник доби два месеца затвор за поткуп при избори и гласање

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот суд во Кавадарци го осуди градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, на два месеца затвор за кривично дело поткуп при избори и гласање.

– За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година – појасни судијата доктор Лазар Нанев.

Во согласност со законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, укажа судијата Нанев, делото се класифицира во петта хоризонтална категорија каде што врз основа на податоците за личноста се класифицира во прва вертикала бидејќи досега е неосудуван за што законодавецот утврдил парична казна од 5 до 120 глоби или затвор од 30 дена до два месеца.

Казната ќе се изврши кога пресудата ќе стане правосилна.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико