Правдико

   

Кои надлежности ги има Советот на јавни обвинители на РМ

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

IMG_0235-1Советот на јавните обвинители  на  Република  Македонија е  самостоен орган  кој  ја  обезбедува  и гарантира  самостојноста  на  јавните обвинители во извршување на нивната функција. Во Советот строго се забранува политичко организирање и дејствување како и остварување на било каква партиска активност на неговите членови.

Состав на Советот

Советот е составен од 11 члена, од кои:

– по функција член на Советот е јавниот обвинител на Република Македонија,
– еден член на Советот  избираат јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, од своите редови,
– по еден член на Советот избираат јавните обвинители од подрачјата на вишите јавни обвинителства Битола, Гостивар, Скопје и Штип, од своите редови,
– еден член на Советот припадник на заедница која не е мнозинство во Република  Македонија,  го  избираат  сите  јавни  обвинители  во  Република  Македонија,  од  своите редови и
– четворица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои  двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

Надлежности на Советот

Советот е надлежен да:

дава мислење на Владата на Република Македонија по предлогот за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија,
ги избира и разрешува јавните обвинители,
 утврдува престанок на функцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапка за утврдување на дисциплинската одговорност на јавните обвинители,
– одлучува  за  утврдување  на  нестручно  и  несовесно  вршење  на  функцијата  јавен
обвинител,
ја следи работата на јавните обвинители врз основа на   оцената за нивната работа согласно со Законот за јавното обвинителство,
одлучува за привремено оддалечување од функцијата јавен обвинител,
постапува по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работата на јавните обвинители,
го определува бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства со одлука,
 до  крајот  на  февруари  во  тековната  година,  со  одлука  го  утврдува  бројот  на слободните јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години и одлуката да ја доставува до Академијата за обука на судии и обвинители,
ги разгледува и оценува годишните извештаи на јавните обвинителства, – донесува Деловник за работа,
донесува решение за мирување на функцијата јавен обвинител,
издава и да одзема службени легитимации на јавните обвинители, – води персонален лист за јавните обвинители,
поднесува извештај за својата работа,
дава мислења по закони од областа на делокругот на работата на Советот,
дава мислења по програмите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители,
објави оглас и спроведува постапка за избор на јавен обвинител за времено упатување во друго јавно обвинителство и
врши и други работи утврдени со закон.

Работите  од  својата  надлежност  Советот  ги  разгледува  и  за  нив  одлучува  на седница. Претседателот на Советот ги свикува седниците и со нив раководи.

Одлуки на Советот

IMG_0249-1Како  второстепен  орган  Советот  одлучувајќи  по  жалба  може  одлуката  на Комисијата  за  утврдување  одговорност  на  јавен  обвинител  од  Законот  за  јавното обвинителство да ја укине, преиначи или потврди.  Кога ја потврдува одлуката на Комисијата  со која е изречена мерка разрешување од функцијата јавен обвинител, Советот донесува посебно решение со кое се констатира престанок на функцијата.

Одлуката за престанок на функцијата јавен обвинител и одлуката за разрешување од  функцијата  јавен  обвинител,  се  доставува  до  јавниот  обвинител  и  до  Јавното обвинителство на Република Македонија. Против одлуките на Советот  јавниот обвинител има право да поведе управен спор пред надлежен суд.

Извештај за работата

Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија.  Извештајот  содржи  податоци  за  бројот  на  избраните  и  разрешените  јавни обвинители,  бројот  на  поведени  и  завршени  дисциплински  постапки, кадровските состојби  во  јавното  обвинителство,  материјално-финансиската  состојба  во  јавното обвинителство, податоци за постапување по претставки и предлози од граѓаните и правни лица и други податоци од делокругот на работата на Советот. По усвојувањето на извештајот примерок се доставува до Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и Јавното обвинителство на Република Македонија.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико