Правдико

   

Кои се условите и постапката за именување амбасадор

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Äåëîâîå ðóêîïîæàòèåДипломатски претставништва на Република Македонија се амбасади, постојани мисии при меѓународни организации, канцеларии за врски и специјални мисии, додека Конзуларни претставништва на Република Македонија се генерален конзулат, конзулат ,конзуларна канцеларија и почесен конзулат. Со посебна одлука Владата основа и културно-информативни центри, економски и други претставништва во странство. Културно-информативните центри, економските и други претставништва на Република Македонија во странство, работат во состав на дипломатско- конзуларните претставништва на Република Македонија.

Амбасадата и Канцеларијата за врски покрај функциите наведени во Виенската конвенција за дипломатски односи, ги вршат и следниве функции:

– ја претставуваат и застапуваат Република Македонија во државата на приемот;
– ги штитат интересите на Република Македонија и на нејзините државјани и   правните лица и вршат конзуларно-правни работи;
– ги унапредуваат и развиваат односите и севкупната соработка меѓу Република Македонија и државата на приемот од интерес за Република Македонија;
– учествуваат во преговорите со владатаи останатите државни институции на државата на приемот;
– ја следат внатрешната и надворешната положба и активноста на државата на приемот  и за тоа го известуваат Министерството, кое информациите ги проследува до претседателот;
– ги известуваат органите, институциите и јавноста на државата на приемот за ставовите и развојот на Република Македонија.
–  ја  следат  тековната  економска  политика  на  државата  на  приемот  и  редовно  го информираат   Министерството   кое   информациите   ги   проследува   до   надлежните институции во Република Македонија и
– ја промовираат на економски план Република Македонија во државата на приемот и ги презентираат можностите и предностите за инвестирање, во координација и соработка со економските промотери од Република Македонија   лоцирани во државата на приемот, со  Агенцијата  за  странски  инвестиции  на  Република  Македонија  и  со  министрите задолжени за странски инвестиции

Амбасадата и Канцеларијата за врски ја развиваат својата работа на политичко, економско, безбедносно, културно, научно-техничко, информативно и друго поле. Исто така тие посветуваат особено внимание на положбата и човековите права на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и на државјаните на Република Македонија.

IMG_3927Потребни услови за именување амбасадор

За амбасадор може да се именува лице ако ги исполнува следниве услови:

– да е државјанин само на Република Македонија;

– да има завршено високо образование;

– да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, и тоа ако:

1) се упатува на мандат во земја од англиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL),ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Ц1 (C1) ниво на ЦЕФР (CEFR) и

2) се упатува на мандат во земја од неанглиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL),ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Б1 (В1) ниво на ЦЕФР (CEFR),

– да познава втор странски јазик различен од англискиот и тоа еден од официјалните јазици на Обединетитe нации или на Европската унија на ниво еквивалентно на нивото Б1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиштен и

– да го познава службениот јазик на земјата на приемот, на ниво еквивалентно на нивото А1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиште најдоцна еден месец пред упатувањето на должност, ако службениот јазик на земјата на приемот;

– да има стекнато високо дипломатско звање, во случај кога кандидатот за амбасадор е од составот на дипломатско-конзуларните службеници, односно да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи;

– да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

– да не е осудуван за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеца, за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за амбасадор и

– да има соодветен безбедносен сертификат.

Најмалку една четвртина од вкупниот број на амбасадори се именуваат од составот на дипломатско-конзуларните службеници со високи дипломатски звања во Министерството. При именување на амбасадорите се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници и принципот на еднакви можности на  половите.

Амбасадорот кој не е именуван од составот на дипломатско-конзуларните службеници, за времетраењето на својот мандат ги остварува правата и обврските од работен однос во Министерството.

Makedonska-ambasada-Belgrad-T-3Постапка за именување

Врз основа на претходна усогласеност меѓу претседателот и министерот за кандидат за амбасадор, постапката за именување на амбасадор на Република Македонија ја поведува министерот, кој до Владата доставува предлог за именување на амбасадор. По прифаќање на предлогот од страна на Владата, претседателот на Владата писмено го информира претседателот за предлогот за именување на амбасадор. Претседателот писмено се изјаснува по однос на предлогот до претседателот на Владата, најдоцна во рок од 30 дена од приемот на предлогот.

По добивањето на позитивниот став од претседателот во однос на предлогот за кандидат за амбасадор, Министерството од државата на приемот бара агреман за кандидатот за амбасадор.По добивањето на агреманот, кандидатот за амбасадор започнува со подготовки за преземање на должноста, кои траат најмногу 60 дена и се сметаат за завршени по завршниот разговор на кандидатот за амбасадор со министерот и директорите во Министерството.

По завршниот разговор кандидатот за амбасадор ги презентира своите согледувања за односите со државата на   приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика.

По добиениот агреман и завршените подготовки претседателот потпишува указ за поставување на амбасадорот.

Со објавување на указот во „Службен весник на Република Македонија”, министерот го парафира, а претседателот го потпишува акредитивното  писмо, по што амбасадорот ја презема должноста во државата на приемот или меѓународната организација во најкус можен рок.

Мандатот на амбасадорот трае до четири години и започнува од денот на преземањето на должноста.Во исклучителни околности мандатот на амбасадорот може да биде продолжен кога тоа го бараат интересите на државата. Основ за продолжување на мандатот може да биде и неутврдувањето на нов кандидат за замена на постоечкиот амбасадор. За продолжување  на мандатот одлучуваат и писмено се усогласуваат министерот и претседателот.

Во согласност со државата на приемот, амбасадор може да биде акредитиран истовремено за една или повеќе држави, односно меѓународни организации.  Седиштето на амбасадорот може да биде во Министерството или во дипломатско-конзуларно претставништво.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико