Правдико

   

Кој ја застапува РМ пред Европскиот суд за човекови права?

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

article-2085420-0F6B9D2400000578-695_634x320Eвропскиот суд за заштита на човековите права е меѓународен суд со седиште во Стразбур. Бројот на судии е еднаков на бројот на земји – членки на Советот на Европа што ја ратификувале Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи. Судот ја спроведува Европската конвенција за човековите права. Негова задача е да следи дали државите ги почитуваат правата и одредбите утврдени со Конвенцијата. Таа задача Судот ја врши преку разгледување на жалбите тнр.апликации што ги поднесуваат физички лица, или во одредени случаи, држави.

Кога ќе утврди дека некоја од земјите – членки повредила едно или повеќе од тие права и одредби, Судот донесува пресуда. Пресудите се со обврзувачки карактер: државите на кои се однесуваат донесените пресуди имаат обврска да постапат во согласност со нив.

Република Македонија пред Судот ја застапува Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права .Бирото е орган на државната управа во состав на Министерството за правда кое ги врши работите што се однесуваат на застапувањето и постапувањето на Република Македонија пред Судот и врши други стручни работи од надлежност на Министерството.

Бирото е надлежно за  следниве работи:

– ја претставува Република Македонија во постапките пред Судот во случаите кога Република Македонија е странка во споровите пред Судот,

– обезбедува соработка на органите на Република Македонија со Судот и со другите органи на Советот на Европа, по прашањата кои се однесуваат на застапување на Република Македонија пред Судот,

– подготвува одбрана и непосредно ја застапува Република Македонија во постапките пред Судот,

– по предметите по кои постапува посредува во контактите на Судот со домашните судови и државните органи,

– по предметите по кои постапува, комуницира и презема дејствија за извршувањето на пресудите на Судот, кои се однесуваат на заштитата на човековите права во рамките на Советот на Европа,

– врши увид во судските и управните предмети, како и во секоја друга документација на државните органи, согласно со закон,

– ракува со класифицирани информации согласно со прописите за класифицирани информации,

– по предметите по кои постапува прибавува информации, бара објаснувања и мислења од домашните судови и државните органи,

– во име на Владата, склучува спогодби за пријателско решавање на предметите пред Судот,

– во име на Владата изјавува еднострана декларација,

– врши постојана анализа на пресудите и праксата на Судот по однос на заштитата на човековите права и слободи загарантирани со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи (во натамошниот текст: Конвенцијата) и за тоа ги известува домашните судови и државните органи,

– изготвува препораки за можни постапувања на домашните судови и државните органи заради извршување на одлуките на Судот во случај на констатирана повреда на Конвенцијата од страна на домашните судови и државни органи,

– се грижи за обезбедување на усогласеност на домашното законодавство со стандардите на Конвенцијата и праксата на Судот,

– го следи остварувањето на обврските на домашните судови и државни органи кои произлегуваат од одлуките на Судот при констатирани повреди на Конвенцијата од страна на домашните судови и државни органи,

– ја информира Владата за текот на постапките кои се водат против Република Македонија пред Судот,

– за извршувањето на пресудите донесени од Судот, во координација со Министерството за надворешни работи, доставува информации до Комитетот на министри при Советот на Европа, за преземените мерки од Република Македонија,

– учествува во работата на состаноците на Комитетот на министри кога се разгледуваат преземените мерки за извршување на пресудите на Судот од страна на Република Македонија,

– по потреба на Владата и предлага формирање на стручни тимови за подготовка на одбраната и застапувањето на Република Македонија во постапките пред Судот,

– соработува со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици, во постојаната едукација на судиите, јавните обвинители, адвокатите и другите правни професии, заради извршување на пресудите и примена на праксата на Судот како извор на право и

– врши и други работи утврдени со закон.

Бирото работите од својата надлежност ги извршува преку:

– директор на Бирото – владин агент,
– лица овластени од Владата на предлог од владиниот агент и
– вработените во Бирото.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико