Правдико

   

Која е улогата на Европскиот Омбудсман

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

obdusman2

Европскиот Омбудсман ги разгледува поплаките за случаите на лошо или неуспешно административно работење од страна на институциите на ЕУ. Омбудсманот добива и разгледува поплаки од граѓани, лица со престој, бизниси и институции во ЕУ.

Што прави Омбудсманот?

Омбудсманот е избран од страна на Европскиот парламент со мандат од пет години и можност за реизбор. Со добивањето и разгледувањето на поплаките, Омбудсманот помага во откривање на лошото административно работење во европските институции и другите тела на ЕУ – со други зборови, во случаи кога некоја институција на ЕУ не прави нешто што требало да направи, или тоа го прави погрешно, или прави нешто што не треба да биде направено. Лошото административно работење вклучува:

-неправедност;

-дискриминација;

-злоупотреба на надлежноста;

-недостиг од информации или од недавање информации;

-непотребно одложување;

-неправилни процедури.

Секој граѓанин или жител на земја-членка, како и здружение или бизнис во ЕУ, може да достават поплака до Омбудсманот. Омбудсманот работи само со институциите и телата на ЕУ, а не со поплаки против националните, регионалните или локалните власти или институции. Тој работи целосно независно и
објективно и ниту бара ниту прифаќа инструкции од ниедна влада или организација.

Честопати Омбудсманот може едноставно да треба да ја информира засегнатата надлежна институција за доставената поплака за таа самата да го реши проблемот. Доколку случајот не се реши соодветно во текот на неговото истражување, Омбудсманот ќе се обиде, доколку е можно, да најде пријателско решение за да се поправи лошото административно работење и задоволително ќе му одговори на подносителот на поплаката.

Доколку и тоа не успее, Омбудсманот може да даде препораки за решавање на случајот. Доколку засегнатата институција не ги прифати неговите препораки, тој може да достави специјален извештај до Европскиот парламент. Веб-страницата на Омбудсманот содржи практичен водич за начинот на поднесување поплаки.

Извор: http://eeas.europa.eu/

Партнери на Правдико