Правдико

   

Колумбија заплени рекордни 12 тони кокаин

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Колумбиската полиција заплени повеќе од 12 тони кокаин, што е рекордна заплена во земјата, која е најголем извозник на оваа дрога во светот.

– Во изминатите 40 години, колку што трае нашата борба против шверцот на дрога, не сме заплениле толку големо количество кокаин. Со оваа заплена, вкупното количество за 2017 година се искачи на 362 тони, што е повеќе од 2016 година, кога запленивме 317 тони – изјави колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, на прес-конференција на која беше претставен запленетиот кокаин.

Дрогата била откриена во четири паралелни рации во северозападна Колумбија, во кои учествувале 400 полициски офицери.

Извор:Нова Македонија

Партнери на Правдико