Правдико

   

Кривична пријава за двајца вработени во Агенцијата за катастар на недвижности

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Штип  поднесе кривична пријава против Ј.А.(54) од Штип и И.С.(49) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 20.04.2017 година при уписот во Агенција за катастар на недвижности на Р.Македонија, на сопственичкото право на правното лице од Штип, извршен бил упис на 176 метри квадратни повеќе од предвидената квадратура во предбележувањето, за што првопријавениот, како референт за геодетски работи во Агенција за катастар на недвижности Подрачна единица Штип и второпријавената, како советник за правно катастарски работи во Агенција за катастар на недвижности во Подрачна единица Штип и покрај тоа што знаеле и требало да знаат дека предбележувањето на новата состојба не била во согласност и дека квадратурата не се совпаѓала со планираната површина, овозможиле на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од околу 24.895.200 денари.

Партнери на Правдико