Правдико

   

Кривични пријави против јавни личности во Србија кои пропагираат невакцинирање

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Група лекари и родители од повеќе градови во Србија поднеле кривична пријава против јавни личности кои вршат пропаганда за невакцинирање на децата, објавија неколку српски медиуми.

Според нив, ставовите на јавните личности за нешто важно, како што е вакцинацијата на деца, целосно ги збунуваат граѓаните.

Од здружението на педијатри велат дека стравот кај родителите предизвикува појава на епидемија од мали сипаници меѓу невакцинираните.

„Ние не сакаме да го правиме тоа што се прави во Романија, да пребројуваме болни и мртви. Некој мора да одговара поради тоа, за што постои и законска основа“, изјави член на здружението.

Извор: ТВ24 

Партнери на Правдико