Правдико

   

Масовно апсење на приврзаници на ИД во Турција

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турските власти рано утринава уапсиле повеќе од 100 наводни припадници на Исламска држава во голема операција во близина на Анкара, јавуваат турските медиуми.

Издадени се налози за апсење на вкупно 245 лице осомничени за поврзаност со ИД, уапсени се 101 лице, а за останатите се уште се трага.

Во акцијата учествуваат 1.500 полицајци, кои извршиле претрес на 250 локации ширум Анкара и запленети се документи поврзани со милитантната организација.

Турција веќе две години ја тресат напади извршени од Исламска држава. Во последниот од нив, на новогодишната ноќ во дискотека во Истанбул настрадаа 39 лице. По овој напад, турските власти ги засилија безбедносните мерки.

Извор: Мета

Партнери на Правдико