Правдико

   

Мемети: Поради недостиг на кадар, доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради недостиг на кадар, доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес на претстојните локални избори, истакна народниот правобранител Иџет Мемети на средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Мемети информира дека видно е подобрена комуникацијата на органите/институциите што се мониторираат од страна на народниот правобранител, но и дека покрај направените законски измени поради недостиг на капацитети и неусогласеност на правната регулатива, оневозможена е нивната практична примена.

Во контекст на значењето и потребата од позајакната заштита на избирачкото право на граѓаните, во пресрет на локалните избори, народниот правобранител со жалење ги информира претставниците на ОБСЕ дека поради недостиг на кадар доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес, како и отворањето на бесплатната телефонска линија, но истовремено потенцира дека во согласност со можностите, на граѓаните ќе им се овозможи заштита на нивното избирачкото право.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико