Правдико

   

Мрежа 23: Да се овозможи целосна имплементација на Законот за заштита на укажувачи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи беше разгледан и утврден на 48та седница на Владата на РМ која го достави до Собранието на Република Македонија на понатамошно усвојување.

Предложените измени на законот се во насока на подобрување на националната законска рамка, но исто така сметаме дека потребни се значителни правни, институционални и практични подготовки за спроведување на законот како и подигнување на јавната свест за законската рамка. Во следниот период фокусот треба да биде ставен на ефикасна имплементација на законот.

Со овој предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи во суштина се опфатени поголемиот дел од мислењата и препораките на Венецијанската комисија, поточно појаснет е терминот „институции“, други предложени терминолошки усогласувања, проширен е обемот на заштитеното откривање на информации, ревидиран членот 6 особено во однос на проширувањето на листата за заштита при јавно пријавување, прецизирана заштитата на укажувачот, се утврдува институција која ќе врши надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за заштита на укажувачи и друго.

Сепак, сметаме дека законот треба да содржи и други битни препораки и ставови изразени во Мислењето на Венецијанската комисија и тоа:

  • да определи дека откривањето на идентитетот на укажувачот, дури и со судска одлука да биде можно само во исклучителни околности и случаи;
  • да содржи и одредби со кои би се обезбедила привремена помош на укажувачот додека трае постапката пред судот;
  • во делот за судската постапка која е јавна, заради решавање на проблемот со заштитеното интерно и надворешно пријавување кои не се јавни постапки потребно е прецизирање на овие одредби.

Сметаме дека Законот за заштита на укажувачи треба да содржи одредби кои би посветиле внимание и на овластеното лице за прием на пријави како важен елемент во целата постапка, со тоа што би се обезбедиле механизми за негова заштита од влијанија и злоупотреби.

Потребна е измена на Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ бр.46/2016), во делот кој ги регулира критериумите за назначување на овластено лице за прием на пријави во институции од јавниот сектор, за кои сметаме дека се високо поставени и предизвикуваат финансиски импликации кај институциите.

Од големо значење е усогласувањето на овој закон со Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/09, 12/11, 188/13, 192/15, 147/17), односно со членот 50 од овој закон е определено лице кое известува за неправилности и сомнежи за измами или корупција определено од раководителот на субјектот од јавниот сектор.

Партнери на Правдико