Правдико

   

МВР:Измени во постапката за издавање на меѓународна возачка дозвола

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РМ бр.169/15), односно одредбите од законот кои се однесуваат на начинот и постапката за издавање на меѓународна возачка дозвола што почнуваат да се применуваат од задутре (30.06), Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, врз основа на член 315, став еден и шест, од посочениот закон, на секој возач кој поседува возачка дозвола, на негово барање му се издава и меѓународна возачка дозвола.

На возачот, пак, на кој му е изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило за одреден период – не може да му биде издадена меѓународна возачка дозвола додека му трае изречената забрана. Исто така, согласно Правилникот објавен во Сл.Весник на РМ бр.80/16 во прилог кон барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола се приложува и потврда издадена од МВР и СВР (Оддел за управни работи) дека против возачот не е изречена прекршочна санкција, односно забрана за управување на моторно возило. Потврдата се издава веднаш по поднесеното барање.

Поврзани статии: Постапка за издавање меѓународна возачка дозвола

Партнери на Правдико