Правдико

   

Надзорник во КПУ „Идризово” продавал марихуана на затвореници

© Copyright 2016 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

50348-54561Надзорник во КПУ „Идризово” продавал марихуана на затворенициСВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Х.Х. (38) од Скопје, поради основи на сомневање дека во текот намесецов неовластено набавил поголема количина наркотична дрога марихуана, која препакувана ја продавал на уживатели во затвоторот, а во неговиот дом недозволено чувал огнено оружје пиштол со две рамки со куршуми со што сторил две кривични дела – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и “неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

За сторените кривични дела предвидени и казниви по член 215 и 396 од КЗ, Судија на претходна постапка на Х.Х. му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.Имено, при превземањето мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога во казнено поправните установи, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога во соработка КПУ „Идризово“ е дојдено до сознание дека пријавениот вработен како надзорник во КПУ „Идризово“, во текот на јануари годинава, од засега непознато лице набавил поголема количина на марихуана која ја чувал во својот дом, каде ја препакувал во помали количини по што ја внесувал во затворот и ја продавал на уживатели.

По потврдувањето на сознанието, вчера (28.01.) од страна на вработени во КПУ „Идризово“, при пристигнување на работа, на Х.Х. му е изврешена редовна контрола и личен претрес, при што во долната облека му е пронајдена една полиетиленска паковка со марихуана и еден мобилен телефон, по што пријавениот, заедно со пронајдените предмети е предаден на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија.

Истиот ден, со наредба од Судија на претходна постапка, во домот на пријавениот во Сингелиќ, извршен е претрес  при што се пронајдени една најлонска кеса со марихуана една алуминиумска фолија со остатоци од марихуана, еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.62 мм, две рамки за пиштол со по 7 куршуми калибар 7.62 мм и 9 (девет) куршуми за пушка калибар 7,62 мм.

По извршеното вештачење на полиетиленската паковка пронајдена при личниот претрес и најлонското кесе пронајдено при претресот во домот на Х.Х., утврдено е дека пронајдениот  и одземениот материјал е марихуана со вкупна маса од 178,60  грама.

Партнери на Правдико