Правдико

   

Нетранспарентоста – најголем проблем во спроведувањето на јавните набавки

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите балкански држави се соочуваат со слични проблеми кога станува збор за јавни набавки, рекоа претставници од Коалицијата на граѓанските организации „Балкан Тендер Воч“ (Balkan Tender Watch), на конференцијата „Надзор врз јавните набавки: Ризици од корупција идентификувани од граѓанските организации“.

13384840_10206468515775968_2035804751_n

Набавките најчесто се спроведуваат од големи компании и најчесто најниската цена е единствениот критериум. Исто така, институциите многу ретко ги планираат набавките, не се транспарентни при спроведувањето, а тоа само дел од проблемите кои предизвикуваат ризик од корупција во набавките.

Герман Филков, од „Центарот за граѓански комуникации“ рече дека во Македонија најслабата фаза во спроведувањето на јавните набавки е планирањето.

– Институциите прават годишен план за јавни набавки, но тоа е само формален документ кој е таму само затоа што законот така наложува. Голем дел набавките се додавани подоцна –рече Филков.

Според него најнетранспарентен дел од јавните набавки е реализацијата на договорите.

– Некогаш во договорите нема предвидено рок до кога треба да биде испорачана набавката. Во Македонија речиси ниту една институција не прави анализа за јавните набавки, дали треба нешто да се набави, количина и колку е добра понудата. На пример, многу институции набавуваат гориво за службените возила, врз основа на тоа колку набавиле претходната година – рече Филков.

За сличен проблем укажаа и претставниците од  Хрватска, Србија и Црна Гора.

Извор: Мета

Партнери на Правдико