Правдико

   

Нападнат полициски службеник во Прилеп

© Copyright 2017 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 20.04.2017 година во 20.50 часот во Прилеп, на ул. „Марксова“, полициски службеник од ПС Прилеп, кој бил на должност, забележал две лица како вршат кражба на алумулатор, по што тргнал кон нив.

Еден од сторителите, Р.Р. (42) од Прилеп, забележал дека им се приближил полицискиот службеник и со нож замавнал кон него, нанесувајќи му расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот 16-годишен син. Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општа болница Прилеп,  каде му е констатирана телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Партнери на Правдико